07.03.2018

Успешно завршена обуката во зимски услови

Во текот на месец Февруари па се до денес 07.03.2018 година на падините на Плачковица и Маврово припадниците на полкот за Специјални Операции ја реализираа обуката во зимски услови.

 

Цел на обуката беше да се одржи борбената готовност и спремност на единицата за извршување на задачи во секакви временски и метео услови, да бидат стручно, материјално и психолошки подготвени за живот и работа во планински услови и екстремно ниски температури.

 

За време на обуката се реализираа теми од прва помош во зимски услови, преживување и престој во зимски услови со изградба на објекти за сместување, работа со скии, движење и ставови за гаѓање итн.