19.03.2018

Летна алпинистика и јазење

Припадниците на Ренџерскиот баталјон од составот на Полкот за специјални операции во периодот од 12.03 до 19.03.2018 година во реонот на Демир Капија реализираа обука од летна алпинистика и јазење.

 

За време на обуката припадниците на единицата се фокусираа на извршување на дадената мисија на тешко пристапен планински терен како и тактиките и техниките за пребарување, спасување и евакуирање на повредени. Вежбите како што се уништување на непријателско командно место и ексфилтрација со помош на алпинистичка опрема и движење по тешко проодни терени беа реализирани во дневни и ноќни услови со цел извежбување за реализација на ваков вид на задачи во сите временски услови.

 

Овој вид на обука бара од учесниците голема психофизичка спремност, посветеност и стручност, што од страна на припадниците на баталјонот беше демонстрирано и доведе до успешно реализирање на обуката.