02.02.2018

Обука за обезбедување на високи воени раководители

Денес 02.02.2018 година на стрелиштето „Стенковец“ со реализација на методско огледна вежба заврши тринеделната обука за обезбедување на високи воени раководители.

 

Цел на ваквиот вид на специјалистичка обука е да припадниците на штабната чета од составот на полкот за Специјални Операции ги утврдат и унапредат постоечките знаења и вештини кои се потребни за обезбедување на високи воени раководители. Обуката се реализираше на терените во касарна „Илинден“ и на стрелиштето „Стенковец“, а беа опфатени теми како што се обезбедување на високи воени раководители во движење, на отворен простор, обезбедување на специфични локации – конференции, состаноци и сл. Обуката беше пропратена со елементи на применето физичко вежбање, боречки вештини и повеќе видови на гаѓања.

 

Постигнатите резултати на методско огледната вежба и во текот на обуката само го потврдија фактот дека припадниците на полкот за Специјални Операции се подготвени за извршување на ваков вид на задачи.