28.02.2017

 

Активности по повод Денот на полкот за специјални операции

Согласно програмата за одбележување на Денот на полкот за специјални операции (пСО) се реализираа неколку активности со кои припадниците го одбележаа својот ден.

 

Припадниците на полкот за специјални операции, како и секогаш во голем број се вклучија во крводарителна акција при што беа собрани над 100 крвни единици.

 

Крводарителната акција се реализираше во соработка со ГОБ „8-ми Септември“, а овие акции се организираат три пати годишно по повод денот на единицата, во помен на загинатите припадници на АРМ во Вејце како и на Денот на АРМ. 

 

Преку дарувањето на крв, чин кој претставува највисоко ниво на хуманост, припадниците на пСО на најдобар начин ја покажаа својата солидарност во спасување и продолжување на човечките животи.

 

 Хуманоста е една од одликите која го краси секој припадник на АРМ така и припадниците на пСО. На 24 февруари во Домот за деца без родители „11-ти Октомври“ во Скопје тие донираа сок, млеко и прехранбени артикли.

 

Исто така во пресрет на Денот на единицата  на спортските терени во касарната Илинден се одржаа и финалните спортски натпревари во кошарка, одбојка, фудбал и шах а на најдобрите екипи им беа доделени признанија.