24.11.2017

Ренџерски игри 2017

Во касарната „Илинден“  пред објектот на ренџерскиот баталјон со свечено прогласување на најдобрите поединци и екипи завршија четвртите по ред ренџерски игри.

 

Спортскиот и натпреварувачкиот дух пропратен со фер плеј преовладуваа во изминатите четири дена додека се реализираа овие игри. Дисциплините во кои се натпреваруваа екипите-фрлање рачна бомба, гаѓање со пиштол и пушка, расклопување и склопување на вооружување, совладување на полигон со препреки само го потенцираа војничкиот професионализам кој владее во оваа единица.

 

За најдобрата екипа беше доделен преоден пехар, а додека за најдобриот поединец беше доделена монета од единицата, а воедно истите беа запишани на обележјето посветено на овие игри.