16.11.2017

Приказ на подготвеноста на припадниците на баталјонот за специјални намени

Припадниците на баталјонот за специјални намени денес во касарната „Илинден“  ја прикажаа нивната подготвеност да одговорат на сите предизвици во секакви временски услови.

 

На  методско показна вежба која се изведе на повеќенамеската алпинистичка кула на дождливо време тие ја демонстрираа својата обученост во неутрализација на терористичка група.

 

На показната вежба присуствуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заменик на НГШ на АРМ генерал мајор Мухамет Рацај придружувани од командантот на полкот за Специјални Операции,бригаден генерал Орце Јордев како дел од обиколката на оваа единица.

 

Како и многупати досега прикажаните тактики, техники и процедури кои ги користи батлјонот за специјални намени беа достојни за епитетот „елитна единица на АРМ“.