01.11.2017

Обука со питомци од Воената Академија

Во касарната „Гоце Делчев“ припадниците на од полкот за Специјални Операции реализираа еднодневна обука со питомци од Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“.

 

На почетокот од предавањето беа запознаени со мисијата и основните задачи кои ги реализира единицата, организациската структура на полкот, начинот на селекција и влез во единицата како и нејзините досегашни учества во мировните мисии. По завршувањето на презентацијата питомците имаа теоретско и практично запознавање со дел од оружјето и опремата која е на употреба во полкот за Специјални Операции.