06.10.2017

Заврши оценувањето на декларираната ренџерска чета

Во периодот од 02.10 до 05.10.2017 година на полигоните на Армискиот полигон „Криволак“ и во касарната „Илинден“ се спроведе НАТО оценување ниво II на декларираната ренџерска чета.

 

Реакција на импровизирана експлозивна направа, кордон и пребарување, реакција на заседа, реакција на контакт, справување со затвореници итн се само неколку од серијата на зададени сценирани инциденти низ кои припадниците на четата беа оценети за нивната способност.

 

Оценувањето на декларираните единици при изведување на операции за подршка на мирот се врши според концептот за оперативна способност со кој се врши оценување на можностите за упатување на единици во меѓународни мисии предводени од НАТО.

 

Оценувањето беше реализирано во рамки на вежбата „Македонски Блесок 13“.