18.09.2017

Посета на Министерот за одбрана на Република Бугарија на полкот за Специјални Операции

Денес 18.09.2017 година во посета на полкот за Специјални Операции беше делегација на Министерството за одбрана на Република Бугарија и припадници од специјалните сили на Армијата на Бугарија, предводена од Министерот за одбрана Красимир Каракачанов.

 

Делегацијата беше пречекана од страна на командантот на полкот за Специјални Операции бригаден генерал Орце Јордев заедно со потесниот дел од командата. За време на посетата делегацијата беше брифирана за самата единица, нејзината структура и за досегашните стекнати искуства. Посетата продолжи со тактичко технички збор каде беше презентиран дел од опремата и вооружувањето кое се користи во единицата, а беа организирани и методско показни вежби на повеќенаменска алпинистичка кула, контролна точка, куќа за гаѓање и боречки вештини.

 

Министерот за одбрана на Р. Бугарија и министерката за одбрана  Радмила Шекеринска на крајот од посетата го потенцираше високото ниво на спремност кое беше демонстрирано од припадниците на полкот.