05.07.2017

 

„Common Challenge 17“ влегува во извршна фаза

Вежбата „Common Challenge 17“, во која учествуваат македонските Ренџери ја достигна својата извршна фаза. После еднонеделната обука во совладување на тешко пристапен терен, споредување на Стандардните оперативни процедури со останатите учесници на вежбата, како и споделување на богатото искуство на Ренџерите, започна фазата на извршување. 

 

Во оваа фаза припадниците на Ренџерскиот баталјон (Рб) користеа свои елементи за набљудување и извидување за прецизно да ја пренесат сликата од боиштето до претпоставената команда. Борбените елементи на Ренџерскиот баталјон, заедно со останатите единици започнаа со изведување на операции за доминација на теренот и создавање на поволни борбени услови за успешно изведување на офанзивни борбени дејства. За ефикасност во неутрализирањето на непријателските единици, ќе бидат употребени далекументните снајперски пушки кои се на употреба во Рб, а маневарските елементи на Ренџерите ќе ја извршат својата задача во содејство со останатите единици, користејќи тактичко движење, изненадување поради тешко пристапниот терен, ноќни услови, ренџерска тактика и ефективен оган. 

 

Според планираната динамика, вежбата ќе заврши со Ден за високи гости кој ќе биде организиран на 06.07.2017 година.