15.06.2017

 

Учество на Македонските Ренџери на мултинационалната вежба „Combined Resolve VIII“

Во периодот од 25.05 до 16.06.2017 година во Хохенфелс, СР Германија триесет и два припадника на Ренџерскиот баталјон од составот на полкот за Специјални Операции учествуваат на мултинационалната вежба „Combined Resolve VIII“.

 

Вежбата е во организација на Армијата на Соединетите Американски Држави во Европа, на истата учествуваат припадници од армиите на Албанија, Финска, Унгарија, Литванија, Македонија, Романија, Словенија, Украина, САД и припадници на Косовските безбедносни сили. Припадниците на Ренџерскиот баталјон на вежбата учествуваа со ренџерски вод, лица за евалуација, штабни офицери и подофицери и лице во ќелијата за водење на вежбата.

 

Ренџерскиот баталјон во континуитет продолжува да ја претставува Република Македонија и Армијата на Република Македонија на меѓународни воени активности, во поддршка на стратешките определби на армијата и државата.