12.05.2017

 

Земска обука со падобранци

Во периодот од 2 до 12.05.2017 година во касарната „Илинден“ се реализираше земска обука со падобранците од составот на полкот за специјални операции.

 

Кондицирањето и извежбувањето на веќе добро познатите постапки при скок со падобран се основа за високото ниво на подготвеност, а воедно со тоа не се остава место за никакви грешки кога ќе дојде време за скок. Според стручното упатство за изведување на падобрански скокови во АРМ ваквиот вид на обука е задолжителен за секој падобранец кој има завршено основна падобранска обука. Обуката беше поделена на теоретски и практичен дел, а секојдневно се изведуваше и применето физичко воспитување.

 

Сериозноста на пристапот кон оваа обука се гледа од фактот дека припадниците на полкот кои беа дел од оваа обука беа тестирани по неколку основи како што се практични доскоци, физичка спремност, тест за познавање на основите на падобранството итн.