12.05.2017

 

Промовирани новите припадници на баталјонот за Специјални намени

Во касарната „Илинден“ пред камен обележјето „Македонски волк“ со свечено доделување на црвената беретка - знакот за припадност во единицата, официјално заврши шестмесечниот квалификациски курс.

 

Цел на курсот беше новите припадници да се квалификуваат за извршување на задачите од доменот на специјалните операции што претставува предуслов за нивен влез во баталјонот. За време на квалификацискиот курс беа реализирани теми и обуки од различни специјалности (алпинистика, преживување, тактики на мали единици, борба во урбана средина) како дел од колективната обука.

 

Динамичното темпо и предизвиците за време на самиот курс ја направија природната селекцијата така да само најдобрите и најупорните останат до крајот и станат дел од баталјонот за Специјални намени.