11.05.2017

 

Одржување на подготвеноста за подводни операции

Во периодот од 2 до 11.05.2017 година во водите на Охридското езеро со дел од припадниците на баталјонот за специјални намени (бСН) од составот на полкот за специјални операции се реализираше кондицирање во нуркање.

 

Одржувањето на спремноста за реализација на подводни операции е од суштинско значење за ваков вид на единица. Познавањето на опремата со која се работи како и високата физичка подготвеност се основен предуслов за да се има добар нуркач. Припадниците на бСН редовно кондицираат во овој сегмент на обуката. Искуствата кои ги стекнуваат од меѓународните вежби каде учествуваат нашите нуркачи за време на ваквите кондицирање се разменуваат и пренесуваат и на останаттите колеги од единицата.

 

Ова кондицирање претставува непосредна подготовка за претстојните заеднички вежби каде ќе учествува нуркачки тим од баталјонот.