25.11.2016

 

РЕНЏЕРСКИ ИГРИ 2016

Припадниците на Ренџерски баталјон од состав на полкот за Специјални Операции во период од 21.11 до 24.11.2016 година ги организира третите по ред Ренџерски игри.

 

Екипите се натпреваруваа во веќе познатите дисциплини: ползење и носење на ранет, фрлање на рачна одбранбена бомба, гаѓање со автоматска и снајперска пушка и пиштол, ориентација и полигон на издржливост.

 

Помеѓу претставниците на четите на Ренџерски баталјон преовладуваше пред се спортскиот и натпреварувачки дух, а сето тоа беше наградено со несебична поддршка од останатите припадници на Ренџерскиот баталјон.

 

На крај од игрите беа прогласени најдобрите тројца поединци и најдобриот тим на третите по ред „РЕНЏЕРСКИ ИГРИ 2016“.