24.11.2016

 

Дел од вежбовните активности на пСО

Демонстрирање на врвна обученост, и подготвеност да делуваат за многу кратко време во било какви сложени услови се дел од активностите кои припадниците на полкот за специјални операции (пСО) денес ги покажаа на Армискиот полигон Криволак.

 

Популарните волци и ренџери изведуваа наменски задачи со експлозивни средства за уништување на препреки, реакција на контакт со употреба на боева муниција од оклопен транспортер во движење.

 

Денешната вежба е дел од редовните плански активности која ги изведува оваа елитна единица на АРМ во теренски услови. Одличната извежбаност единиците за специјална намена ја покажаа на дело и на најголемите меѓународни воени вежби кои се реализираа оваа година каква што беше „Анаконда 16“.

 

Во исто време на АП Криволак и Центарот за обука во Пепелиште под раководство на инструктори од пСО, се одржува селективен курс на новопримените професионални војници кои се кандидати за прием во оваа елитна единица. Привлечноста на оваа единица која се карактеризира со голема самоиздржливост, секогаш пројавува голем интерес меѓу младата популација.

 

Селекцијата е со цел да се изврши квалитетен, стручен и правилен избор на кандидати за вршење на должности во специјалните единици на АРМ. Притоа инструкторите вршат постојано следење на особините и карактеристиките на кандидатите како: тимска работа, дисциплина, лојалност, прилагодливост и психичка и физичка издржливост во секакви теренски и временски услови.

 

По завршувањето на овој напорен курс по справувањето со сите физички и психички препреки само мал број на најупорни, најспособни и најмотивирани кандидати успеваат да ја понесат препознатливата зелена беретка.

 

Началникот на генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски кој присуствуваше на денешните активности беше информиран од страна на командантот на единицата, полковник Орце Јордев за методите и постапките кои се користат  во обучувањето за справување со безбедносни предизвици во најсложени ситуации.