05.11.2018

Работилница „Регионален тим за заштита на животната средина“

Во Република Македонија, од 5 до 9 ноември, се одржа работилница на НАТО „Регионален тим за заштита на животната средина“. Работилницата во Домот на АРМ ја отворија и на учесниците им посакаа успешна работа потполковник Дејвид Бурбриџ, претставник на НАТО Врховната команда на здржените сили во Европа (SHAPE) и началникот на Секцијата за цивилно-воена соработка во Генералштабот на АРМ, полковник Ванчо Шонтевски.

 

Откако беа запознаени со политиките и доктрината на НАТО за заштита на животната средина, учесниците продолжија со теоретски и практични активности во касарната Илинден и на Армискиот полигон Криволак.

 

Работилницата која се спроведува во партнерство со НАТО, е одлична можност учесниците да добијат и сертификати за завршена обука на тема „Практики и процедури на НАТО за заштита на животната средина од страна на војската“. Овој курс ќе го подобри управувањето со животната средина на нашите полигони за обука во текот на национални и меѓународни воени вежби, со што ќе се заштитат националните природни ресурси.

 

Покрај поддршката од НАТО-Врховната команда на здржените сили во Европа (SHAPE), обуката е поддржана од стручни предавачи од Европската команда на воените сили на САД, Вооружените сили на Белгија и од Инженерскиот центар на извонредност на НАТО. На работилницата учествуваат учесници од Македонија, Албанија, Хрватска, Романија, Црна Гора и Косово.