21.11.2018

Годишна конференција за обука и вежби на АРМ

Во Генералштабот на АРМ, како дел од годишниот календар за обука, под раководство на секцијата за обука и вежби во ГШ на АРМ се одржа годишната конференција за обука на АРМ.

 

Во рамки на конференцијата се разгледаа и координираа Плановите за обука и вежби за следната 2019 година, меѓуармиските активности како и оперативните побарувања за потребни артефиции за поддршка на обуката и потребни финансиски средства за планираните активности за обука и вежби во АРМ.

 

На конференцијата за обука покрај претставници од  организациските единици на ГШ на АРМ, присуствуваа началниците на секциите одговорни за обука и вежби (Ј/Г/А/С-7) и главните подофицери на првопотчинетите команди и единици на ГШ на АРМ.    

 

Во текот на вчерашниот ден, како прв дел од конференцијата присуствуваа претставници од: Министерството за одбрана, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и Организацијата на резервни офицери на Република Македонија.

 

Конференцијата за обука е редовна активност на ГШ на АРМ која се реализира два пати во текот на годината, при што се анализира изведената воено-стручна обука во тековната и се дефинираат целите за наредната година.