30.10.2018

Врачување на договорите за прием на 125 професионални војници во Армијата на Република Македонија

Во касарната ,,Илинден“ во Скопје, со свечена церемонија се врачија  договори за работа на 125 новопримени професионални војници во Армијата на Република Македонија.

 

Договорите за работа ги врачија министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, заменикот- началник на ГШ на АРМ, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар во МО, Драган Николиќ и командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски.

 

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во своето обраќање пред стројот, посакувајќи им добредојде во армијата, на новите војници им порача дека заедно со своите поискусни колеги ќе бидат столб на државноста и сувереноста на нашата татковина.

 

Ова е втора група од 125 професионални војници кои во текот на оваа година се примени во редовите на АРМ, кои по дополнителната обука во командата за обука и доктрини ќе бидат распоредени во единиците на АРМ.

 

ТЛП/ТЈ