03.10.2018

НАЈАВА:

Началникот на ГШ на АРМ ќе учествува на 22та Конференција на НГШ на Армиите од земјите-членки на САД-Јадранската повелба

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски ќе учествува на дваесет и втората Конференција на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5) која ќе се одржи на 4ти октомври во Будва, Република Црна Гора.

 

Генералот Ѓурчиновски за време на конференцијата ќе оствари официјални средби и разговори со заменик на командантот на командата на Армијата на САД за Европа, генерал Твити, како и со НГШ на ВС на Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и командантот на Косовските безбедносни сили.

 

Главна тема на дваесет и втората Конференција на НГШ на армиите од земјите членки на А5 ќе биде ,,Зајакнување на националните способности за подобрување на подготвеноста на НАТО“.

 

На Конференцијата, покрај началниците на ГШ на земјите членки на А5 (Македонија, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора), ќе учествуваат и заменик на командантот на командата на Армијата на САД за Европа, генерал Стивен Твити, а во улога на набљудувачи претставници од ГШ на ВС  на Словенија, ГШ на војската на Србија и Косовските безбедносни сили, и како гости командантите на националните гарди од сојузните држави на САД, кои се партнери на земјите од А5.

 

Средбите во формат на началници на генералштабови на армиите од земјите членки на A-5 се одржуваат еднаш годишно, и на нив се разгледуваат прашања од областа на одбраната и безбедноста и меѓусебно унапредување на соработката.