04.09.2018

Работен состанок на НГШ на АРМ со канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија

Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, оствари работен состанок во канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија со шефот на канцеларијата, морнарички капетан Горазд Бартол и  персоналот од канцеларијата, со цел координирање на меѓусебните понатамошни активности.

 

На средбата на која присуствуваa и началникот на одделението за меѓународна соработка и главниот подофицер на АРМ, се разговараше за актуелните заеднички активности и искористување на можностите кои канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија ги пружа во остварување на нејзината советодавна улога во пристапните активности кон полноправно членство во НАТО.

 

Генералот Ѓурчиновски на крајот од состанокот го истакна позитивните аспекти од меѓусебната директна координација со канцеларијата на врски на НАТО, со што се придонесува за поефективно спроведување на потребните реформски процеси на АРМ.

 

Канцеларијата за врски на НАТО со сегашното име постои од први април 2012 година, а во Република Македонија функционира под друго име од април 2002 година. Мисијата на канцеларијата е советодавна во однос на воениот аспект на реформите кои се спроведуваат во МО и АРМ  со цел интегрирање во евроатланските структури, како и обезбедување на поддршка на НАТО здружените  операции на Балканот.

 

ТЈ