18.09.2018

Прием кај НГШ на АРМ на новоназначеното одбранбено аташе на Република Словенија

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски во присуство на амбасадорот на Република Словенија, Н.Е Милан Јазбец оствари протоколарна средба со новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе на Република Словенија за Република Македонија, полковник  Душан Тош и досегашното аташе полковник Дамјана Јурковиќ.

 

За време на средбата, генералот Ѓурчиновски му ја честита новата должност на полковник Тош, посакувајќи продолжување и продлабочување на успешната соработка која ја има Армијата на Република Македонија со вооружените сили на Република Словенија. 

 

Притоа се искажа благодарност за континуираната поддршка на Република Словенија за нашата стратешка определба за полноправно членство во ЕУ и НАТО, како и од  претставниците на Република Словенија во НАТО Канцеларијата за врски.

 

На средбата исто така се разговараше  и за можностите за дополнително унапредување и проширување на  взаемната соработка пред се во доменот на заедничката активности во доменот на обуката и вежби, како и афирмативната поддршка на Република Словенија за Армискиот полигон „Криволак“, каде припадници од единиците за противвоздушна одбрана на ВС на Република Словенија изведуваат заедничка обука со припадниците на АРМ на традиционалната билатерална вежбовна активност „Предизвик“.

 

Генералот Ѓурчиновски на крајот од средбата и посака понатамошен успех во кариерата на полковник Дамјана Јурковиќ, притоа истакнувајќи го нејзиниот придонес во зацврстување на билатерална соработка помеѓу АРМ и ВС на Република Словенија.

 

ТЈ