Армија на Република Македонија

10.08.2018

АРМ и МО им одадоа почит на загинатите припадници на АРМ кај Љуботенски Бачила

Во спомен на  осумте загинати воени обврзници кај месноста Љуботенски бачила, делегација од Армијата на  Република Македонија и Министерството за одбрана, положи цвеќе пред спомен облежјето во село Љубанци.

 

Во рамки на одбележувањето на седумнаесет годишнината , почит на загинатите бранители им беше оддадена и на спомен-обележјето во касарната „Илинден“ во Скопје.

Претходно, денес цвеќе беше положено и пред споменикот на паднатите бранители во Волково.

 

На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенковски мини каде животот го загубија осум припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.

 

ТЛП