Армија на Република Македонија

07.08.2018

Началникот на ГШ на АРМ оствари средба со одбранбеното аташе на Унгарија

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски,  оствари протоколарна средба  со одбранбеното аташе на Унгарија акредитиран во Република Македонија, полковник Шабиц Хари.

 

На денешната средба, началникот на ГШ на АРМ на полковникот Хари му посака срдечно добредојде во Република Македонија кој должноста ќе ја извршува со седиште во Скопје.

 

На денешната средба, генералот Величковски изрази благодарност до Р. Унгарија за поддршката и асистенцијата во напорите на Република Македонија во справувањето со мигрантската криза,  а  воедно се разговараше и за можностите за  продлабочување на билатералната соработка во  доменот на одбраната.

 

ТЛП/ТЈ