Армија на Република Македонија

07.08.2018

Средба на НГШ на АРМ со одбранбеното аташе на Кралството Норвешка

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, денес во ГШ на АРМ оствари средба со одбранбеното аташе на Кралството Норвешка за Република Македонија, потполковник Егил Далтвеит.

 

На средбата, генералот Величковски упати честитки по повод назначувањето на потполковник Далтвеит на оваа должност, како и благодарност за досегашната отворена поддршка од страна на Кралството Норвешка на нашата стратешка определба за членство во НАТО со очекување за унапредување  и продолжување на билатералната воена соработка.

 

Должноста одбранбеното аташе на Кралството Норвешка  за Република Македонија, потполковник Егил Далтвеит ќе ја извршува со седиште во Белград, Р. Србија.

 

ТЛП/ТЈ