Армија на Република Македонија

19.07.2018

Средба на ЗНГШ на АРМ со амбасадорот и одбранбеното аташе на Република Франција

Заменикот на началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Азим Нуредин , денес оствари средба амбасадорот на Република Франција во Република Македонија  Н.Е Кристијан Тимоние и полковник Фабрис Дуда, новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе акредитиран во Република Македонија.

 

Во рамки на средбата се разговараше за можностите за проширување на билатералната соработка помеѓу АРМ и француските вооружени сили и евентуалното заедничко учество во мировните операции предводени од ООН.

 

На протоколарната средба во ГШ на АРМ, генералот Нуредин упати честитки до  полковникот Дуда за назначувањето на новата должност, која ќе ја извршува со седиште во Загреб, Република Хрватска

 

Во оваа прилика, генералот Нуредин изрази благодарност до полковник Жан Марк Лавале кој досега беше на оваа должност.

 

ТЛП