12.07.2018

ЗНГШ на АРМ оствари средба со нерезидентното одбранбеното аташе на Јапонија

Заменикот на началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Азим Нуредин оствари протоколарна средба со полковник Минео Јамагучи,  новоназначениот одбранбен аташе на Јапонија, акредитиран во Република Македонија.

 

На средбата, генералот Нуредин упати честитки до полковникот Минео Јамагучи  за назначувањето на новата должност. Во рамки средбата се разговараше за можностите за интензивирање на  билатералната соработка помеѓу армиите на двете земји.

 

Генералот Нуредин му се заблагодари на полковник Таки Јошимаса, досегашниот одбранбен аташе на Јапонија во Република Македонија за соработката, кој оваа должност ја извршуваше од јуни 2015 година со седиште во Виена.

 

ТЛП