27.06.2018

Состанок во ГШ на АРМ со претставници од францускиот директорат за вооружување

Во период од 25ти до 27ми јуни во посета на Република Македонија престојува делегација од француската дирекција за вооружување и како дел од  програмата за билатерална соработка во 2018 година.

 

Во текот на вчерашниот ден за време на престојот во генералштабот на Армијата на Републка Македонија, делегацијата  предводена од амбасадорот на Р.Франција во Република Македонија  Н.Е Кристијан Тимоние и резидентно одбранбено аташе полковник Жан Марк Лавале, оствари средба со ЗНГШ на АРМ, генерал-мајор Азим Нуредин и претставници од МО и ГШ на АРМ.

 

За време на состанокот од страна на француската делегација се презентираа капацитетите на француската воена индустрија и беа изнесени мислења и истакнати идеи за можна соработка со МО согласно потребите и приоритетите на АРМ.

 

Во текот на престојот делегацијата ќе ги посети и македонските компании за наменска индустрија „Еврокомпозит“ и „Микросам“ во Прилеп каде ќе  се разменат искуства од областа на воената индустрија, како и можност за започнување на соработка помеѓу француските и македонските компании.

 

ТЈ