04.06.2018

Започна меѓународниот курс „Процес на планирање вежби“

Армијата на Република Македонија во соработка со Вооружените сили на Канада е домаќин на меѓународниот курс за „Процес на планирање на вежби“ кој ќе се реализира во период од 4 до 15 јуни, во Скопје.

 

Покрај припадници на АРМ на курсот учествуваат и претставници од МВР, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, како и припадници од Босна и Херцеговина, Грузија и Украина.

 

Цел на двонеделниот курс, кој е со покровителство на Канада, преку теоретски предавања и практични вежби од страна на инструктори од АРМ, Канада и Украина да се обучат слушателите за процесот и начинот на организација и планирање вежби по фази.