28.02.2018

Делегација на словенечката војска во посета на АРМ

Делегација од словенечката војска предводена од командантот на командата на силите, бригаден генерал Милко Петек, престојуваше во работна посета на Генералштабот на АРМ каде оствари средба со Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски.

 

На средбата со  НГШ на АРМ Величковски, се разговараше за можностите за унапредување на меѓусебната соработка во изведување на заеднички вежбовни активности, како  и за планираните активности на двете армии. Притоа се истакна дека добрата соработка на АРМ и словенечката војска е во интерес не само на меѓусебните односи туку и во јакнење на стабилноста во регионот.

 

Во рамки на денешната посета беше одржан состанок на кој присуствуваа претставници од МО и ГШ на АРМ, при што е истакната поддршката за стратешката определба на Република Македонија влезот НАТО, како и  улогата во изградбата на безбедноста и стабилноста на регионот.

 

Претходно генералот Петек оствари средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

 

Досегашната повеќегодишната добра соработка на полето на обуката  и заеднички вежбовни активности особено е изразена во доменот на противвоздушна одбрана.