19.02.2018

НАТО-медал за учество во мировна мисија „Одлучна поддршка“ за припадниците на седмата ротација „КОСА“ ГГ Кабул

На свечената церемонија по повод доделување на НАТО–медал, припадниците од седмата ротација на македонскиот контингент во „КОСА“ главен град Кабул, се здобија со НАТО-медал за учество во мировна мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

 

НАТО-медалот за учество во мировни мисии, се доделува од 1995 година, а го добиваат воен и цивилен персонал работејќи во НАТО алијансата и давајќи свој придонес во мировните мисии, операции и кризните подрачја во светот.

 

НАТО-медалот за учество во мировна мисија на нашите припадници им се додели од страна на Командантот на „КОСА“ главен град Кабул, бригаден генерал Тајар Ајдин.

 

Со завршување на мировната мисија „ISAF“ во Авганистан на  31 декември 2014 година, НАТО-медалот за учество во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан започна да се доделува од 1-ви јануари 2015 година.