28.12.2017

Традиционална предновогодишна средба на военото раководство

Во касарната „Илинден“ Скопје, во пресрет на Новогодишните празници денес се одржа работна средба на која присуствуваа, претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов оствари средба со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска, генералите во АРМ и раководните лица во МО.

 

На денешната средба, во касарната „Илинден“, која традиционално се одржува на крајот од годината во присуство на највисоките воени авторитети се разгледаа позначајните активности на АРМ кои ја одбележаа 2017 година, актуелната состојба во АРМ, како и плановите согласно новите безбедносни предизвици и стратегиските цели на Република Македонија.

 

Припадниците на армијата, во годината кога АРМ го одбележуваше јубилејот 25 години од своето формирање, покажаа висок степен на професионализам посветеност во извршувањето на своите задачи,како и подготвеност за справување со предизвиците со кои АРМ се соочи во текот на изминатата година.