23.12.2017

Со традиционалната поделба на новогодишни пакетчиња во касарната „Страшо Пинџур“, симболично одбележана завршната активност во јубилејната 25-та година од формирањето на АРМ

Над 550 деца на припадници на Армијата на Република Македонија од воздухопловната бригада (вбр) и од останатите команди и единици на АРМ и МО, меѓу кои и децата на загинатите и починати припадници на вбр, но и на роднини и пријатели на вработените, денес имаа незаборавна можност да добијат новогодишни пакетчиња од армискиот „Летачки Дедо Мраз“.

 

Церемонијата на веќе препознатливото пристигнување на „Дедо Мраз“ со транспортен воен хеликоптер МИ-8 и поделба на новогодишни пакетчиња, која традиционално се реализира повеќе од 20 години на воениот дел од аеродромот ,,Александар Велики“ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, и оваа година предизвика огромен интерес кај најмладите.

 

Со оваа активност на АРМ, на симболичен начин со многу весели лица се означи и завршницата на обележувањето на јубилејната година во која АРМ ја прослави 25 годишнината од формирањето и извршување на уставно доделените задачи во одбрана на територијалниот суверенитет на Република Македонија и во служба на граѓаните на нашата држава, наоѓајќи се секаде каде за тоа имаше потреба.