20.12.2017

Началникот на ГШ на АРМ оствари средба со новиот одбранбен аташе на Република Бугарија

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со новоназначениот одбранбен аташе на Република Бугарија акредитиран во Република Македонија, потполковник Пламен Николов.

 

Генералот Величковски, во оваа прилика упати честитки до потполковникот Николов за назначувањето на новата должност. Во рамки на денешната средба се разговараше за можностите за интензивирање на соработката помеѓу двете земји во доменот на  обуката на кадри во капацитетите на Армијата на Република Македонија и Бугарија, размената на искуства, заеднички вежби и военото образование.

 

На средбата, се напомена дека добрата соработката во областа на одбраната е од исклучителна важност за двете држави која ќе придонесе за зајакнување на регионалната безбедност и меѓународниот мир и стабилност.