19.10.2017

Началникот на ГШ на АРМ оствари средба со одбранбеното аташе на Унгарија во Република Македонија

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари протоколарна средба со новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе на Унгарија за Република Македонија потполковник Ласло Хајас.

 

Генералот Величковски, на потполковник Ласло Хајас му посака успешна работа на оваа должност и продолжувањето на билатералната соработка во полето на одбраната помеѓу АРМ и унгарските одбранбени сили.

 

За време на средбата началникот на ГШ изрази благодарност за поддршката во напорите на Република Македонија за справување со миграциската криза и нашите аспирации за полноправно членство во НАТО.

 

Притоа стана збор за разгледување на можностите за взаемно користење на капацитетите за обука, како и размена на искуства и продлабочување на соработката во делот на хеликоптерските единици.