04.10.2017

Работен состанок со канцеларијата за врски на НАТО

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски одржа работен состанок со шефот на канцеларијата за врски на НАТО, морнаричкиот капетан Горазд Бартол на која присуствуваше перосналот од канцеларијата и началникот на одделението за меѓуармиска соработка во ГШ и главниот подофицер во АРМ.

 

На состанокот, капетанот Бартол ги запозна присутните со тековните активности на канцеларијата и понатамошната динамика на взаемната соработка согласно планските координирани облици на соработка.

Воедно, заеднички беше истакнато значењето од досегашната меѓусебна соработка со цел придонесување во процесот на интеграција во евроатлантските структури и подготвеност за поддршка и пренесување на своите искуства во однос на воените аспекти на реформите во одбраната и безбедноста која е една од суштинските функции на канцеларијата.

 

Мисијата на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија е советодавна во однос на воениот аспект на реформите кои се спроведуваат во МО и АРМ  со цел интегрирање во евроатланските структури, како и обезбедување на поддршка на НАТО здружените  операции на Балканот.