24.10.2017

Главниот подофицер на Сојузничката Команда за операции во Врховниот Штаб на НАТО сојузничките сили во Европа (SHAPE) во работна посета на АРМ

Во дводневна официјална посета на Армијата на Република Македонија престојува главниот подофицер на Сојузничката Команда за операции во Врховниот Штаб на НАТО сојузничките сили во Европа (SHAPE), главен наредник Давор Петек.

 

Целта на посетата на главниот подофицер на Сојузничката команда за операции е запознавање со организацијата и функционирањето на подофицерскиот кор на АРМ, размена на искуства и разгледување на можностите за унапредување на соработката во делот на развојот на подофицерскиот кор.

 

Воедно, за време на состанокот главните подофицери дискутираа за активностите на НАТО поврзани со развојот на подофицерскиот кор, кој е еден од главните столбови во изведување на воената обука и овозможува поефикасно функционирање на командувањето.

 

Согласно програмата, во текот на денешниот и утрешниот ден предвидено е посета на капацитетите за обука со кои АРМ располага во Командата за обука и доктрини, Воено-Медицинскиот Центар и Полкот за специјални операции каде ќе бидат извршени презентации и методско показни вежби.

 

За време на престојот во Генералштабот, главниот наредник, Петек придружуван од својот домаќин, главниот подофицер на АРМ, главен наредник Свето Цветковски беше примен и од Началникот на ГШ на АРМ , генерал-потполковник Методија Величковски.