12.09.2017

 

Началникот на ГШ на АРМ оствари средба со одбранбениот аташе на Романија

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со ново назначениот резидентен одбранбен аташе на Романија, акредитиран во Република Македонија, потполковник Валентин Стримбесчи.

 

На средбата, генералот Величковски на потполковникот Стримбесчи му посака срдечно добредојде во Република Македонија и интензивирање на билатералната соработка меѓу армиите на двете земји во областа на одбраната која ќе придонесе кон зајакнување на регионалната безбедност и меѓународниот мир и стабилност.

 

Исто така во рамки на денешната посета во Генералштабот се изрази взаемна подготвеност за продлабочување на соработката во доменот на обуката на кадри во капацитетите на Армијата на Република Македонија и Романија.

 

АРМ со свои припадници во текот на оваа година учествуваше на вежбата „Saber guardian-17“ на која Романија беше домаќин, а исто така и на „Carpathian eagle-17“ во рамките на земјите членки на Б-9 форумот која ќе се реализира во текот на месец октомври.