03.08.2017

 

Пријателски фудбалски нaтпревар помеѓу екипа на АРМ и фудбалскиот клуб ХАТТА

Во текот на денешниот ден на воениот стадион во градскиот парк во Скопје се одигра пријателски фудбалски натпревар помеѓу фудбалска екипа од АРМ и професионалниот фудбалски тим ХАТТА од Дубаи, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Припадниците на АРМ на натпреварот покажаа дека одлично владеат и во фудбалските вештини и дека се достоен противник и покрај тоа што против себе имаа екипа која настапува во професионалната фудбалска лига на ОАЕ.

 

Инаку фудбалскиот клуб ХАТТА, на кој главен тренер е поранешниот македонски репрезентативец Ѓоко Хаџиевски се наоѓа на неколкудневни подготовки во Република Македонија.