27.06.2017

 

Експертски разговори од областа на цивилно-воената соработка

На 27 јуни 2017 година, во ГШ на АРМ се одржаа „Експертски разговори за цивилно-воена соработка и цивилно-воените влијанија во услови на мигрантска криза“ од Планот за билатерална соработка со Република Италија кои ги водеше началникот на Секцијата за цивилно-воена соработка од ГШ на АРМ, полковник Ванчо Шонтевски. На средбата од двете страни беа презентирани досегашните искуства во рамките на цивилно-воената соработка со посебен акцент на искуствата во услови на мигрантска криза.

 

Делегацијата од Република Италија ја сочинуваа потполковник Massimiliano Silli и подофицер Paolo Fabbro претставници од Мултинационалната група за цивилно-воена соработка (Multinational CIMIC Group –MNCG) која е стационирана во Motta di Livenza, Република Италија, а од Армијата на Република Македонија покрај претставниците од Секцијата Ј-9 од ГШ на АРМ присуствуваа и претставници од ЗОК.  

 

MNCG е предвидено да се вклучува во сферата на цивилно-воената соработка, давајќи целосна поддршка на воените команданти на НАТО. Понатаму MNCG обезбедува широк спектар на CIMIC курсеви на НАТО и е место за експертиза и консултации за цивилно-воена соработка на тактичко и оперативно ниво, постојано во контакт со различни засегнати страни, како што се владините организации, невладините организации, меѓународните организации и властите на земјата-домаќин.

 

На крајот беше заклучено дека соработката може да се продлабочи со реализација на едукација за цивилно-воена соработка за персоналот од овој домен.