11.04.2017

 

Заменик командантот на Копнените сили на САД за Европа во посета на АРМ

Докажаната доверба од досегашните заеднички активности и позитивните резултати од соработката на АРМ со Армијата на Вооружените сили на САД за Европа, како и учество на меѓународните вежби поддржани од оваа команда беше тема на разговорите на денешната посета на АРМ од страна на заменик командантот на Копнените сили на САД за Европа, генерал-мајор Тимоти Мек Гваер.

 

На средбата со началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, кој е домаќин на генералот Мек Гваер се разговараше за модалитетите и начин на заедничко учество во позначајни активности организирани од оваа команда на Армијата на САД за 2017 година.

 

За време на престојот во ГШ на АРМ, генералот Мек Гваер оствари средба и со министерот за одбрана, Зоран Јолевски.

         

На денешната средба во ГШ на АРМ се презентираше континуираното учество на АРМ на бројните меѓународни вежби со акцент на меѓународната вежба „Анаконда-16“, најголемата воена вежба организирана во Европа во последните неколку децении. Меѓудругото стана збор и за капацитетите кои АРМ може да ги понуди за обука и тренинг како и заедничко учество на АРМ со претставниците од Копнените сили на САД за Европа на претстојната вежба „Saber Guardian-17“.

 

Исто така се разговараше и за базенот на  декларираните единици на АРМ обучени согласно НАТО стандардите за учество во мировните мисии предводени од НАТО, ЕУ и ОН придонесувајќи за зачувување на глобалниот мир и безбедност.