28.03.2017

 

Одбележување на 25 години од формирањето на ГШ на АРМ

Генералштабот на Армијата на Република Македонија, денес на симболичен начин со постројување одбележа 25 години од формирањето на ГШ и отпочнување со  активностите  и функцијата на раководење со армијата.

 

Од страна на првиот началник на ГШ на АРМ генералот во пензија Митре Арсоски, пред раководните старешини се даде краток историски осврт за тогашниот период, кога на 28 март 1992 година е преземен генералштабот кој со отпочнување на своите функции  одигра клучно значење во формирањето на АРМ.

 

Како потсетник на тој историски период, денешниот датум 28.03  е вткаен во воената пошта на ГШ на АРМ (ВП 2803) кој се користи во меѓусебната внатрешна и комуникација кон останатите правни и општествени субјекти во Република Македонија.

 

Во остварување на одбраната на Република Македонија ГШ на АРМ ги врши оперативните и стручни работи за организирање, подготвување и командување со армијата.