23.02.2017

 

Средба со штабните офицери по повод заминувањето во мисијата „Одлучна поддршка“

Денес во  Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ штабните офицери на АРМ кои заминуваат во мисијата ,,Одлучна поддршка“ во Авганистан беа примени од страна на министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски и  заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Мухамет Рацај.

 

За време на средбата на персоналот кој се упатува во мисијата му се порача успешна работа и професионалното извршување на задачите, при што се истакна фактот дека високите оценки и обученоста на припадниците на АРМ, претставуваат најдобрата афирмација на Република Македонија и АРМ.

 

На штабните офицери им претходеше соодветна стручна подготовка, што претставува потврда за успешно извршување на мисијата и одговор на предизвиците со кои ќе се соочат во следните шест месеци на должностите во рамките на командата - Север во Мазар е Шариф, Авганистан.

 

Штабните офицери на АРМ во наредните шест месеци ќе извршуваат задачи на високи должности во рамките на командата Север во Мазар е Шариф, Авганистан.