23.02.2017

 

Делегација на АРМ во официјална посета на командата на косовските безбедносни сили

Делегација на Армијата на Република Македонија (АРМ) предводена од Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, се наоѓа во еднодневна официјална посета на командата на косовските безбедносни сили (КБС) во Приштина.

 

Во рамки на посетата која се реализира како резултат на редовните плански активности на АРМ, се остварија средби и разговори со министерот на КБС, г-дин Хаки Демоли и со командантот на КЗС генерал потполковник Рахман Рама.

 

На состаноците на кои присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Косово Н.Е Илија Страшевски, се разговараше за актуелната безбедносна состојба во регионот, активностите околу справување со безбедносните предизвици и мигрантската криза, како и соработката на АРМ со КБС.

 

Покрај посетата на министерството на КБС, се оствари посета на Центарот на универзитетски студии и единицата за цивилна заштита која делува во склоп на министерството за КБС.