20.01.2017

 

Претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот на одбраната и безбедноста на работна средба во ГШ на АРМ

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари работна средба со претставници од ГШ на АРМ, Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот на одбраната и безбедноста.

 

На средбата во ГШ на АРМ покрај претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) д-р Живко Митревски, присуствуваа и членовите на раководството на Синдикатот на одбраната и безбедноста.

 

Теми на кој се разговараше на денешната средба во Генералштабот беа можностите за соработката на АРМ и ССМ во однос на состојбата во остварување на општоприфатените стандарди и норми на меѓународното право во работничката сфера на припадниците на АРМ, како и за актуелни случувања во сферата на правата од работниот однос.

 

Голем дел на припадниците на Армијата на Република Македонија се синдикални членови во Синдикатот на одбраната и безбедноста кој е составен дел на организацијата на ССМ.