05.10.2018

Свечен завршеток на обуката на новопримените професионални војници

Денес во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес се реализираше свечен завршеток на обуката на новопримените професионални војници.

 

За време на церемонијата, со која се означи завршетокот на курсот, Командантот на Центарот за индивидуална обука, на слушателите им го честита успешно завршениот курс и им посака успешна понатамошна работа, а воедно им посочи дека стекнатите знаења треба континуирано да ги надградуваат во своите единици и успешно да ги применуваат во извршување на индивидуалните и тимски задачи.

 

Главниот подофицер на Командата за обука и доктрини им посака успешна работа во своите единици и им порача дека само со напорна работа и стекнување на нови знаења може еден ден да застанат од другата страна на стројот и да се станат идни подофицери во Армијата на Република Македонија.

 

На самиот крај од свеченоста на професионалните војници им беа доделени сертификати за успешно завршениот курс.

 

С/Г