17.08.2018

Свеченост по повод „18-ти Август“ Денот на Армијата на Република Македонија

По повод „18-ти Август“ Денот на Армијата на Република Македонија во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ се одржа свечен собир на вработените. На свечениот собир присуствуваа сите вработени во касарната и поканети гости од локалната самоуправа, државните институции и здруженија на Велес како и претставници на институции од други општини.

        

Пред самиот почеток на свеченоста по повод Денот на АРМ делегација предводена од Началникот на штаб на Командата за обука и доктрини (КОД), полковник Лулзим Нуредини, положи свежо цвеќе пред бистата на Алексо Демниевски Бауман Велес.

        

На свечениот собир Заменикот на командантот на КОД во својот говор ги потсети присутните на историските настани и почетокот на оформувањето на Армијата на Република Македонија. При тоа истакна дека Армијата на Република Македонија е армија во служба на секој граѓанин на нашата држава и во секој момент и расположливите ресурси и изградени капацитети е подготвена да одговори на предизвиците, а воедно значаен придонес во подготвеноста на персоналот во армијата несомнено има и нашата Команда за обука и доктрини.

 

На свеченоста беа прочитани и стимулативни мерки за припадниците од гарнизонот.

 

За успешна соработка со органите на локалните и надворешни институции Заменикот на Командантот на КОД им врачи благодарници на Фолклорен ансамбал „Керамичар“ Велес, основно општинско музичко училиште „Стефан Гајдов“ Велес и ЈКП „ Комуналец “ Свети Николе.

 

С/Г