30.08.2018

Обиколка на командата за обука и доктрини од страна на Министерката за одбрана и началникот на генералштабот на АРМ

Согласно планот на началникот на ГШ на АРМ за обиколка на гарнизоните на АРМ, во текот на денешниот ден, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски заедно со Министерката за одбрана Радмила Шекеринска извршија обиколка на единиците стационирани во касарната „Алексо Дамниевски-Бауман“ во Велес.

 

Во рамките на посетата на касарната по краткиот брифинг за состојбата во единиците од страна на командантот на командата за обука и доктрини полковник Љубенчо Петровски и командантите на единиците на АРМ стационирани во касарната, Министерката Шекеринска и генералот Ѓурчиновски обиколија дел од објектите, како и активностите на војниците на доброволно отслужување на воен рок.