20.07.2018

Акција за доброволно дарување крв во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ Велес

Денес 20.07.2018 година во Командата за обука и доктрини во касарната во Велес се реализираше акција на доброволно дарување на крв.

 

На оваа акција покрај вработените учество земаа и војниците на доброволно служење на воен рок како и ново примените професионални војници кои на дело да ја покажат својата хуманост и солидарност со масовно учество во оваа крводарителна акција.

 

На денешната крводарителна акција на која имаше голем одѕив се собраа 102 крвни единици со што како и многупати досега се потврди хуманоста на припадниците на Армијата на Република Македонија.

 

Ова е петта од серијата акции за доброволно дарување крв која Командата за обука и доктрини планира да ги реализира оваа календарска година.

 

с/г