29.05.2018

Обука во справување од пожари во касарна „Алексо Демниевски Бауман Велес“

Во касарната „Алексо Демниевски Бауман - Велес“ се реализира методско показна вежба на тема „Организација на противпожарна заштита во касарната - гарнизон Велес“.

 

Вежбата се реализираше во соработка и асистенција на Територијалната противпожарната единица од општина Велес, каде припадниците на АРМ имаа можност практично да ги демонстрираат своите способности во локализирање и гасење на пожари како и спроведување на спасување и евакуација на лица.

 

Активноста се реализираше со цел обука на персоналот од основните единици сместени во касарната, во случај на ангажирање во гасење на пожари на отворен простор во реонот на зоната на одговорност на касарна - гарнизон Велес.

 

Присутниот персонал на вежбата имаше прилика да се запознае со можностите на опремата на територијалната противпожарна единица на општина Велес, како и да се стекнат со нови и да ги надградат веќе стекнатите знаења, вештини за заштита и справување од пожари.